• македонски јазик
    • Српски језик
    • Shqip
    • English
  • | Пон – Пет: 08:00-16:00

  • info@soloprevoz.com.mk
    +389 2 2551 191

    Располагаме со церадни камиони со кои вршиме транспорт на пратки, со што се обезбедуваат оптимални услови за превоз на Вашата стока. Овие камиони се опремени со рампи за утовар и истовар, поседуваат рачни палетари, со што се намалуваат трошоците за дополнителен ангажман на виљушкари или работна сила. Нашиот возен парк располага со возила од 45 m3, 50 m3, 100 m3 и 118 m3, од кои тонажата е од 2,5 t до 24 t.

    Доколку сакате да ги задоволите дневните потреби за транспорт, не Ви се потребни само моќни возила, туку и целосни решенија. А, со тоа и професионален партнер, кој ќе биде на Ваша страна и ќе Ви понуди такво портфолио на услуги. „Соло превоз“ Ви гарантира иновативен и економичен транспорт. Услуги што можат индивидуално да се комбинираат, ефикасни до последен детаљ.


    ✮ Збирен и единечен транспорт (зависно од Вашите потреби);
    ✮ Домашен превоз (на територија на Република Македонија);
    ✮ Редовни транспортни линии и збирни (единечни) пратки од Македонија, Србија, Косово, Албанија и Бугарија;
    ✮ 24-часовна комуникација со возилата;
    ✮ ГПС-позиционирање и следење на возилата во секое време;
    ✮ Комплетно ЦРМ-осигурување на сите возила;
    ✮ Одлична комуникација со нашите соработници;
    ✮ „Know-how“ принцип на работа
    ✮ Комплетни логистички решенија
    ✮ Достава на пратки до конечно одредиште
    ✮ Лиценцирани возачи на АДР-пратки
    ✮ Целосна документација, дозволи и согласности издадени од министерства и други органи
    ✮ FTL (full truck load) полни камионски утовари
    ✮ CTL (Collective Truck Load) збирен транспорт
    shutterstock_14173768.jpg