Располагаме со церадни камиони со кои вршиме транспорт на пратки, со што се обезбедуваат оптимални услови за превоз на Вашата стока. Овие камиони се опремени со рампи за утовар и истовар, поседуваат рачни палетари, со што се намалуваат трошоците за дополнителен ангажман на виљушкари или работна сила. Нашиот возен парк располага со возила од 45 m3, 50 m3, 100 m3 и 118 m3, од кои тонажата е од 2,5 t до 24 t.
Доколку сакате да ги задоволите дневните потреби за транспорт, не Ви се потребни само моќни возила, туку и целосни решенија. А, со тоа и професионален партнер, кој ќе биде на Ваша страна и ќе Ви понуди такво портфолио на услуги. „Соло превоз“ Ви гарантира иновативен и економичен транспорт. Услуги што можат индивидуално да се комбинираат, ефикасни до последен детал.
✮ Збирен и единечен транспорт (зависно од Вашите потреби);
✮ Домашен превоз (на територија на Република Македонија);
✮ Редовни транспортни линии и збирни (единечни) пратки од Македонија, Србија, Косово, Албанија и Бугарија;
✮ 24-часовна комуникација со возилата;
✮ ГПС-позиционирање и следење на возилата во секое време;
✮ Комплетно ЦРМ-осигурување на сите возила;
✮ Одлична комуникација со нашите соработници;
✮ „Know-how“ принцип на работа
✮ Комплетни логистички решенија
✮ Достава на пратки до конечно одредиште
✮ Лиценцирани возачи на АДР-пратки
✮ Целосна документација, дозволи и согласности издадени од министерства и други органи
✮ FTL (full truck load) полни камионски утовари
✮ CTL (Collective Truck Load) збирен транспорт
